43-годишниот Хорхе Арбија е шпанскиот шверцер на дрога, кој беше уапсен во Варна. За да го избегне неговото апсење, тој драстично го изменил својот изглед со што се здебелил над 50 килограми. Човекот се поготвувал да побегне во Венецуела.
Тој е под истрага за трговија со дрога и перење пари. Влегол на територијата на Бугарија со автомобил уште во април 2018. година. Во Шпанија против него се водат кривични постапки за учество во меѓународна криминална организација за шверц на дрога и перење пари.
По нарко-босот се трагало преку меѓународна потерница од декември 2017. година, од страна на судските власти во Мадрид. Нему на 21 февруари годинава општинскиот суд во Варна му одредил мерка притвор.
Хорхе А. бил уапсен на 17. минатиот месец од страна на полицијата во Варна. Кога биле проверени документите за идентификација, утврдено било дека се лажни. Пред судот во Варна, Хорхе А. изразил доброволна согласност за негова екстрадиција во Шпанија. Според Законот за екстрадиција и Европскиот налог за апсење, шпанскиот државјанин има право да ја повлече својата согласност во рок од три дена. Ако не го стори тоа, судот ќе донесе конечна одлука за неговото предавање на шпанските власти во рок од 7 дена.
Казната за кривичното дело за кое се обвинува шпанскиот државјанин, според шпанскиот кривичен закон е затворска казна до 13 години и 6 месеци. Делото, исто така, казниво е и според бугарскиот закон.
Во објавената информација е наведено дека одиграл клучна улога во криминалната организација што ги снабдува Шпанија и остатокот од Европа со кокаин од Јужна Америка.
Comments are closed for this post.