Францускиот претседател Емануел Макрон и премиерите на Велика Британија и на Канада, Тереза Меј и Џастин Трудо се заложија во Обединети нации, до 2030 година сите девојчиња во светот да можат да посетуваат училиште.
Како што истакна британската премиерка, причина за нивната иницијатива е тоа што денес во светот 130 милиони девојчиња во светот не посетуваат училиште, истакна Меј.
Макрон, Меј и Трудо најавија дека Глобално партнерство за образование ќе добие фонд од 2,5 милијарди долари за три години. Средствата ќе бидат обезбедени од Франција, Велика Британија, Канада, Обединети Арапски Емирати, Норвешка и Холандија.
Тоа е огромен предизвик, бидејќи 440 милиони африкански деца треба да посетуваат училиште до 2030 година, посочи Макрон.
Францускиот лидер додаде дека 63 проценти од неписмените возрасни лица се жени.
Постојат уште многу препреки за школување на девојчињата – од сиромаштија до рана бременост, сексуално насилство и се уште премногу рестриктивни општествени норми, истакна Макрон.
Меѓу предложените мерки за надминување на проблемот се усвојување закони, обезбедување на 12-годишно бесплатно образование, превенција од рана бременост и борба против предрасудите кон жените.
Глобално партнерство за образование е формирано во 2002 година и е активно во околу 60 земји во развој, како поддршка на образовните структури.
Comments are closed for this post.