Власта се обидува да направи фалсификат на референдумот на самиот ден на гласање со тоа што Собранието не дозволи да има официјални набљудувачи од страна на политичките партии кои што би можеле да реагираат на евентуални неправилности, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во рамки на теренските активности на партијата.
Сепак според него ваквиот обид нема да помине поради силниот отпор на граѓаните кои се организираат да ги мониторираат и набљудуваат овој процес преку разни здруженија на граѓани.
Она што го забележивме е дека прво, власта реши да дискутира за сè освен за содржината на договорот. Второ, бегаат од детална дебата за содржината на договорот, затоа што знаат дека немаат аргументи и дека ниту е зачувано името на државата, ниту е зачуван македонскиот национален идентитет. А од друга страна, немаме никакви гаранции за понатамошна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, изјави Николоски.
Според Николоски Според факт е дека власта одбегнува да и ги прикаже на јавноста уставните амандмани иако тие се суштината и срцето на договорот. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека во ситуација паниока и нервоза се прави притисок врз јавната администрација и приватниот бизнис. Притисокот како што рече е сè поочигледен и сè поголем.
Comments are closed for this post.