Антикорупциската комисија денеска објави дека отвора о 42 нови предмети за непотизам и судир на интереси на поранешни и актуелни функционери од власта.
Меѓу нив има голем број звучни имиња како министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, пратениците Фросина Ременски, Антонио Милошоски, Славица Митева Шуманска, Тања Ковачева, Сашко Атанасов, поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски,како и поранешната претседателка на Уставниот суд Елена Гошева, Влатко Самарџиски и Владо Богдановски членови на Судски совет.
Сите овие случаи се отворени по допрен глас и ќе утврдува дали имало судир на интереси и влијанија при вработување на роднини на функционери во државни институции.
Comments are closed for this post.