Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница го праша министерот за внатрешни работи дали планира да си поднесе оставка доколку биде избран за кандидат на СДСМ за претседател на државата.

Сигурно ќе ја усовршите вештината на една секунда полнење кутии за да стане претседател на државата. Три четири секунди добро ви е извежбано, но една секунда треба допрва да вежбате затоа што математиките за рејтингот на вашата партија не ви одат најдобро-му рече Затуровска на министерот.