Со смртта на Шабан Шаулиќ на виделина излегуваат нови детали за неговиот вонбрачен син Роберт. Шабан го добил синот пред да влезе во брак со сопругата Гордана и тој сега има 47 години.
Иако го признал, тој не му го дал своето презиме, но сепак редовно плаќал алиментација до 18 години. Но, ретко го гледал.
Сепак, дека крвта не е вода сведочи сосетка која живеела до куќата во која израснал Роберт. Таа тврди дека Шабан скришно доаѓал во нејзиниот двор и го гледал малиот Роберт кој имал здравствени проблеми со епилепсија и ја влече едната нога.
Кога во една прилика го прашала зошто не се грижи за синот тој само ги кревал рамениците.
Роберт вели дека му простува на таткото иако на неговиот погреб седел по страна и нема никаков контакт со братот и сестрите.
Comments are closed for this post.