Државниот санитарен и здравствен инспекторат изрече времена забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ специјалистичка ординација по пластична и реконструктивна хирургија „Др. сци. мед. К. Митаноски“ во општина Аеродром.
Забраната е изречена по извршен вонреден инспекциски надзор поврзан со починатиот пациент во ЈЗУ ГОБ „8. Септември“, кој бил третиран во операционата сала на оваа ординација.
Во врска со случајот на починатиот пацинет во ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември, на ден 22 и 23.02.2019 год. од страна на Државниот санитарен и здравствен инпекторат извршен е вонреден инспекциски надзор во ПЗУ спец.ординација по пластична и реконструктивна хирургија „Др сци мед. К. Митаноски“ лоцирана во општина Аеродром. Во моментот на увидот, ординацијата е затекната затворена, по телефон е викнат сопствениокот кој е носителот на дејност согласно решение издадено од Министерството за здравство. Истиот е пензионер и нема вработено друг кадар во ординацијата. При надзорот од страна на докторот даден е податок дека операционата сала каде е повремено му ја издава на користење на д-р Ѕвонко Николовски од ПЗУ Јанита во Скопје. Починатиот пациент е третиран во оваа сала – информираат од ДСЗИ.
Во врска со затекната фактичка состојба од страна на ДСЗИ записнички е изречена времена забрана за вршење на здравствена дејност во наведената ординација со поставување на службена лента, а за кое во наредните денови ќе следат соодветни инспекциски мерки и постапки.
Comments are closed for this post.