Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека ја предлага амбасадорката на САД во Канада, Кели Најт Краф,т за нов постојан американски претставник во ОН.

Во објава на Твитер, Трамп нагласи дека Крафт извршила извонредна работа претсавувајќи ги САД во Канада.

Без никаков сомнеж, под нејзино раководство, нашата земја ќе биде претставена на највисоко ниво – напиша Трамп.


По најавената оставка на сегашната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, Трамп првично за нејзина наследничка ја номинираше актуелната портпаролка на Стејт департментот, Хедер Нојерт, но таа минатот викенд ја одби кандидатурата.