Припадници на израелската војска убиле палестински тинејџер и раниле околу 40 лица на протестот на кој присуствуваа илјадници луѓе на границата со Појасот Газа.
Министерството за здравство во Газа соопшти дека 15-годишното палестинско момче починало откако било погодено со огнено оружје од израелските војници, а портпаролката на израелската војска рече дека војниците користеле „средства за растурање на немирите“ и дека отвориле оган во согласност со стандардните оперативни процедури за такви случаи.
Израелската армија соопшти дека интервенирала поради немирите и обидите на некои луѓе да фрлат бомби и други експлозивни направи на територијата на Израел од Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас.
Учесниците на протестот повикувале Палестинците да се вратат во земјата од која нивните предци избегале или биле принудени да избегаат во 1948 година, кога е прогласена државата Израел.
Video| A Palestinian protester, who lost his leg in a previous protest, taking part in today’s #GreatRturnMarch in #Gaza. pic.twitter.com/6UK7nUoJCK
— Quds News Network (@QudsNen) February 22, 2019
The moment when a clearly #peaceful_female_Palestinian_protester was shot by an Israeli occupation snipers in #Gaza.#GreatMarchOfReturn pic.twitter.com/gyoFjMuJk0
— Palestine Times (@PalestineTimes3) February 15, 2019
Teenager reportedly killed as #MarchofReturn continues#Gaza pic.twitter.com/21uIiutRfn
— Ruptly (@Ruptly) February 22, 2019
Comments are closed for this post.