Пратеникот Самка Ибраимовски најави дека неговата партија нема да подджи попис на населението без да има можност да се наведе етничката припадност. Според него, на овој начин ниту Ромите ниту другите етнички заедници нема да можат да ја видат вистинската бројка.
Попис без етничка и верска припадност го доведува во прашање мултиетничкиот карактер на Република Македонија кој е белег низ историјата.Етничката и верската припадност е значаен дел од идентитетот. Со ваков предлог закон се прави преседан кој нема да даде релевантни податоци и повторно ќе се смета за неуспешен како и минатиот
Comments are closed for this post.