Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше првиот кој и ја честиташе победата на Гордана Силјановска во изборот за кандидат на престојните претседателски избори. Во неговото кусо обраќање тој рече дека и честита на професорката што се одважила да аплицира на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сакам да и честитам на Гордана Силјановска. Македонија денеска доби нов претседател, доби мајка на нацијата. Очекувам победа во првиот круг, а потоа и потврда на победата и во вториот круг на претседателските избори“, изјави Мицкоски
Претседателот на партијата им се заблагодари и на останатите кандидати, за кои кажа дека покажале пркос и пример како треба да изгледа една демократска процедура за избор на иден претседател на Република Македонија.
Comments are closed for this post.