Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски очекува утре да има првични сознанија околу истрагата за автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, во која загинаа 14 лица, а 37 лица се повредени. Вечерва, како што најави во интервју за 1 ТВ, ќе се изврши разговор во полициска станица со возачот на автобусот.
Истрагата трае, увидот на настанот е завршен, утре ќе можеме да очекуваме првични сознанија околу аспектите кои ги гледа истрагата. Вечерва ќе имаме разговор во полициска станица со возачот на авотубост и врз основа на сите тие наоди ќе добиеме која била причината за оваа голема трагедија – најави Спасовски.
Министерот упати благодарност до институциите на државно и на локално ниво, кои како што истакна реагирале бргу и ефикасно, на лекарите и медицинскиот кадар од јавното и приватното здравство, а ја потенцираше и солидарноста на граѓаните.
Comments are closed for this post.