Британскиот тим Мекларен го претстави новиот автомобил „MЦЛ34“, кој оваа година ќе се натпреварува во Формула 1.
Машината е во сина и портокалова и беше презентирана од страна на механичарите на тимот во базата во Вокинг. Потоа, пилотите Карлос Сајнц Џуниор и 19-годишниот британски дебитант Ландо Норис се запознаа со иновациите.
Во духот на денешниот празник за Денот на вљубените, Карлос Сajнц рече дека се вљубил на прв поглед во новиот Мекларен.
Ми се допаѓаат новите бои, Љубов на прв поглед, рече Сајнц.
Новите пилоти ги заменија Фернандо Алонсо и Стефан Вандорн, кои минатата година го изведоа Мекларен до шестото место во пласманот кај конструкторите
Comments are closed for this post.