Три моторни возила изгореа во пожар што ноќеска еден час после полноќ избувна на паркиралиштето за возила што се наоѓа на просторот на поранешниот Полигон за мали спортови во центарот на Охрид.
Две од возилата се целосно, е едно делумно уништено.
Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна служба пламенот бил за брзо време локализиран.
Причините за избувнувањето на пожарот ќе ги утврди истрагата, но првичните информации укажуваат на неисправна инсталација на некое од опожарените возила
Comments are closed for this post.