Пред ГОБ 8 Септември, се собраа семејствата на патниците од автобусот во очекување да чујат вести за своите најблиски.

Директорот на ГОБ „8 ми септември“, Христијан Костов ги читаше повредените по име и презиме повредените патници кои се хоспитализирани во оваа болница. Извести дека има и пет починати лица, но не го откри нивниот идентитет, бидејќи како што рече обдукцијата и идентификацијата е во тек.