Владата на работните состаноци ја отворила темата за вработувањата на роднини на функционери и за ова ќе спроведе конкретна анализа и проверка, изјави премиерот Зоран Заев.
Ќе ги видиме сите постапки како се направени. Знаете, во последната година имаме 40.000 вработувања, доминантно во приватниот сектор, но еден значаен дел се и во јавните институции на испразнети места. Ќе ја направиме анализата, ќе ги видиме постапките, секаде кадешто ќе има привилегии, протекции или какво било влијание, секако ќе побараме повлекување на таквите вработувања, заради тоа што навистина сакаме да испратиме порака дека сите во општеството, па дуи и децата на некој функционер имаат шанса во оваа држава. Зборуваме за 20 места од 40.000 или еве нека се 25.000 рабтни места во јавни, општински, државни институции или јавни претпријаија, но дури и да се работи и за две работни места треба тоа да е транспарентно, да се покаже пред граѓаните. Не бегаме од одговорност, ќе ја видиме секој можност, како тоа е направено, дали имало компетитивност, кој биле критериумите, како е завршено и сѐ ќе соопштиме на јавноста и доколку има неправилност, ќе бараме и одговорност за сето тоа – рече Заев.
На прашањето како да се сфати изјавата на министерот Дамјан Манчевски дека членовите на СДСМ 10 години биле дискриминирани, па сега се вработуваат и дали треба да се чека СДСМ 10 години да вработува за да бидат на исто со ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека сега постапките се транспарентни. Тој го наведе примерот со изборот на Антикорупциска комисија.
Јас, како претседател на една од поголемите политички партии, одговорно ви кажувам дека ниту една од партиите, па ниту СДСМ нема таков притисок како што бил порано. За жал, причината е грока, а тоа се миграциите, заминувањето на луѓето. Се вработуваат граѓани кои не се припадници на политички партии, рамноправно од етничките заедници, процентот на застапеност е зголемен насекаде. Но, веројатно имаме и слабости при нашето функционирање и затоа реков ќе побараме одговорност ако некаде тоа вработување е направено на несоодветен, незаконски начин, кадешто секој треба да си ја понесе одговорноста. Не е доволно само да се повлече или раскине договор, ако било прекршено некое законско правило, тој што го прекршил законот да одговара како што е пропишано. Ќе ги соопштиме сите податоци, дадов насоки да се извлечат анализи од секоја поединчена институција. Потврдувам дека и должиме на јавноста одговори за овие прашања – рече Заев.
Comments are closed for this post.