Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов е убеден дека ги исполнува условите за консензуален претседател.Тој најави дека ќе се кандидира за претседател на државата на партискиот оглас на СДСМ. Тој е прв што најави кандидатура на огласот на СДСМ што е отворен до 19 февруари.
За мене секој граѓанин е државјанин на Република Македонија и треба да ги ужива сите права без разлика на политичката, верската и националната припадност-вели Филипов.
Филипов роден е во кавадарци Кавадарци. Доктор е по технички науки, а дипломирал на Машинскиот факултет. Беше амбасадор во Германија од 2005 до 2010 и во Австрија од 2010 до 2014 година.
Претседателскиот кандидат СДСМ ќе го избира на Конгресот на 3 март
Comments are closed for this post.