Скопје треба да знае дека ќе се најдат соочено со Грција ако продолжат со однесување кое ги поткопува националните интереси, порача лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис за време на неговиот говор од Кожани, јави МИА од Атина.
Мицотакис, на граѓаните им објасни што може да стори Нова демократија и што лично тој ќе направи откако веќе постои ратификуван меѓународен договор: ќе го искористи правото на вето на патот на нашата земја кон Европската унија, ќе се бори да ги заштити грчките македонски производи и ќе предложи силен развоен план за Северна Грција.
Првото што ќе го направам и за кое јавно имам кажано е дека како следен премиер, доколку грчките граѓани ми дадат доверба, нема да го испуштам правото на Грција да стави вето на пристапниот процес на Скопје, доколку сметам дека не им служи на националните интереси. И на семиолошко ниво, реков дека фразата „му посакувам добредојде на македонскиот Премиер” никогаш нема да ја слушнете од мене. Скопје треба да знае дека ќе се најдат соочено со Грција ако продолжат со однесување кое ги поткопува националните интереси, рече Мицотакис.
Во однос на трговските производи рече дека денес, „стотици бизниси што во нивното име ја имаат придавката ‘македонски’, во суштина се незаштитени“.
Лидерот на Нова демократија упати и остри критики до грчкиот премиер.
Ципрас уште од прв момент, тоа беше јасно, дека сакаше да го реши ова прашање. Навистина не знам какви меници презеде дека ќе исплати и не знам како самиот верува дека може да има корист од една таква иницијатива, рече Мицотакис.
Тој го повтори неговиот став дека Ципрас се оддалечил од националната политика од изминатите децении за конкретното прашање и се согласил за работи за кои претходните премиери рекле „не“.
-Идејата дека Грција и официјално ќе признава македонски јазик, дека ќе признава македонска националност, дека ќе признава македонски идентитет и сите елементи на овој културен курс на соседите што го сочинуваат овој македонски идентитет, посебниот македонски идентитет, барем како што тврдат и го бранат нашите соседи, беше идеја спротивна на цврстата надворешна политика на земјата веќе многу децении, објасни лидерот на Нова демократија.
Мицотакис упати критики и до пратениците кои гласаа за договорот. Рече дека нивниот глас го размениле, веројатно, за некое министерство или друга награда.
Comments are closed for this post.