Се чини дека ова ќе биде тешка сезона за ракометарите на Металург. Составот на Данило Брестовац беше немоќен против скромната екипа на Бешикташ. .Нашите ракометари нема што да очекуваат во оваа сезона на Лигата на шампионите.

Едноставно речено со овој состав  толку. Недоволната ротација и со само еден екстра ракометар, во случајот Јагањац не може да се очекуваат победи. Исто како на натреварот со Спортинг, Металург имаше сили само за едно полувреме, додека  во второто целосно потфрлија за конечни 22-30.

Следниот меч Металург повторно го игра дома со Татран Прешов во недела