Рускиот претседател Владимир Путин од 2013 до 2018, 700 пати зборувал на телефон со 55 челници на други држави.Според податоците кои ги објави Радио Слободна Европа Путин најмногу комуницирал со канцеларката Ангела Меркел. Дури 94 пати.
На второ место по бројот на телефоки повици на рускиот претседател се наоѓа Франција со која разговарал 69 пати, а со лидерите во Турција 66.
Казакстан е на четвртото место по бројот на разговори. Со оваа земја Путин телефонски зборувал 56 пати. Потоа Израел 43, Украина 38, а САД 31. Со Белорусија 31, Иран 20 и со Египет 17 разговори.
Comments are closed for this post.