СДСМ ја избриша Република Македонија пред очите на децата, пред оччите на учениците! Без трошка чувство за државност, на 31 јануари општините во Република Македонија добиле насоки од владата, по што следела наредба до училиштата да биде избришано името Република Македонија од училишните згради! И повторно во јавноста лажат, велат ќе почекале, со некаков план како ќе се одвивало менувањето на таблите. А всушност, одамна е почнато тајно корнење името на Република Македонија, започнато прво од училиштата, ова денеска на прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова зад мене се неколку фотографии од уништени табли во Кисела Вода и Драчево во Скопје каде е изгребано, префарбано, тргнато името Република Македонија! На оваа „црна акција“ според нашите извори, следела реакција на дел од учителите секако на дел од родителите. Наредба да се брише, прешкртува, гребе името на државата, да се откорне Република Македонија, а местото да остане празно со видлилви траги на насилство и насилното бришење, прекривање на буквите. Како да се работи за срамна, недолична порака на училишен ѕид! Оваа црна акција на бришење на Република Македонија од институциите, од училиштата е спротивно дури и на капитулацијата, каде стои дека промената ќе е активна по потпишувањето на протоколот за членство во НАТО од Грција, за потоа да има уште неколку договорени процеси, нота од и до Грција, известување до ОН. Тоа го знаат, но СДСМ побрза да ја избрише Република Македонија уште на 29 јануари, потенцира Стоилковски.
Тој додава дека ова е наредбата од владината седница на 29 јануари пратена до општините на 31 јануари, по што е постапено веднаш!
Тоа е заштитениот идентитет, тоа потврдата која што Зоран Заев и картелот и ја донесоа на Република Македонија! Пред неколку дена од тука презентиравме документ дека Заев и картелот договарале со Косово меѓудржавен документ со Северна пред референдумот во септември, воопшто и да се одржи, сега го бришат името од училишните згради пред определниот рок зададен од самите нив, договорено од самите нив! Тоа ќе остане запаметено, во меморијата на децата, во меморијата на нивните родители и блиски, моментите кога одејќи кон училиштето ги гледаат празните, избелени места каде некогаш гордо стоеше името Република Македонија! За жал ова е само дел од долгосежните последици од прифатените условувања со капитулацијата прифатена од Заев. Со оваа власт, постои веројатност при спроведувањето на членовите од капитулацијата од Нивици да следува и многу повеќе од бришења на името, корнења на светите букви, кинења на страници од учебниците. За ВМРО-ДПМНЕ, Нивици и спроведувањето, сето ова однесување е историска грешка на Заев заради негови лични кариеристички цели! ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе стори сè што е во нејзина моќ за во иднина да ги измени процесите кои произлегуваат од капитулацијата од Нивици, вели Стоилковски.
Comments are closed for this post.