Протестите покажуваат дека лидерството е разведено од реалниот живот на милиони луѓе. Протестите се израз на криза на лидерството насекаде во светот. Ова го потврдуваат и статистиките, порача претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој се обрати на претседателската сесија на 22. Евроазски економски самит, што се одржува во Истанбул.
Иванов говореше за суштината, мотивите, но и целите на популизмот кој денеска е се поприсутен, а притоа се осврна на жолтите елеци во Франција и посочи на актуелните состојби во Британија, Венецуела, Германија.
Луѓето кои ги гледаме како протестираат по улиците и плоштадите не се некоја точно одредена категорија на граѓани, туку луѓе од сите слоеви на општествата на кои глобалистичките елити со своите политики им ја одзедоа иднината, а на многумина им ги уништија и животите“, порача Иванов.
Comments are closed for this post.