Да се отстрани железната ограда околу владиниот објект е одлучено на денешната редовна владина седница. Владата со целосно ослободување на јавниот простор околу објектот вели дека тој ќе стане подостапен за користење од граѓаните.
Отстранувањето на оградата околу Владата беше едно од предизборните ветувања на оваа власт.
Во 2015 година беа потрошени 700.000 евра за опколување на објектот на Владата со бетонски столбови и метална ограда, што предизвика револт кај граѓаните.
Comments are closed for this post.