Десетмина скијачи загинаа, а еден се води за исчезнат откако викендов на Алпите во Италија, Франција, Швајцарија и во Австрија заради високиот нов снег имаше лавини, објавија горските служби.
Медиумите пренесоа дека најтешко бил погоден регионот во Долината Аоста, во северозападна Италија, каде загинале пет лица, а едно е исчезнато.
Во туристичкиот центар Кормаер, двајца Британци и еден Французин, кои излегле од скијачката патека, не се вратиле синоќа во нивниот хотел. Изутринава спасувачките екипи идентификувале три тела.
Едно 18-годишно момче во Италија било одвлечено од лавина во провинцијата Болцано, на границата со Австрија, додека во Ломбардија сноубордист се задушил под лавина.
Од голема лавина во Савој, Франција, во саботата загинал скијач.
Comments are closed for this post.