Фирма од Обединетите Арапски Емирати купила три тони злато од Централната банка на Венецуела, јавува Спутника.
Претходно, агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на извори од Каракас, информираше дека венецуелската банка се подготвува на ОАЕ да им продаде речиси 15 тони од благородниот метал.
Компанијата Noor Capital со седиште во Дубаи ја потврди зделката:
На 21 јануари 2019 година Noor Capital доби речиси три тони злато од Венецуелската централна банка, во согласност со важечките меѓународни стандарди и закони и без последователна трансакција, посочуваат од компанијата.
Comments are closed for this post.