Пред зградата на Еулекс во Косовска Митровица утре на пладне ќе се одржи протест “Против анексијата на Северна Косовска Митровица”, прејнесува Танјуг. Ректорот на универзитетот во Приштина со привремено седиште во Косовска Митровица Раде Грбиќ и проректорот Немања Бишевац ги повикаа граѓаните во што поголем број да се соберат и со мирен протест да го искажат незадоволството предизвкано од мерките на косовските власти со таксите на српските производи.
Очекуваме дека и нашите студенти ќе бидат тука со наспред зградата на Еулекс заедно и достоинствено уште еднаш да го искажеме незадоволството и несогласувањето околу нецивилизациските одлуки и најавените планови од Приштина, изјави Бишевац.
Ректорот Раде Грбиќ наведе дека најновите најави од Приштина за анексија на северниот дел на Косовска Митровица предизвикуваат голема загриженост на универзитетот кај сите студенти и кај нивните родители.
Comments are closed for this post.