Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во Букурешт изјави дека очекува сојузниците да ја потпишат спогодбата за прием на Република Македонија, откако државата се согласи да го смени своето име за да го реши долгогодишниот спор со Грција, јави Асошиетед прес.
Столтенберг рече дека кога Република Македонија ќе стане членка на НАТО, државата ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот и во Европа.
Comments are closed for this post.