Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 96 сантиметри во Попова Шапка, 65 сантиметри во Маврови Анови, 43 во Крушево и Лазарополе, 33 во Пожаране, 15 во Тетово, 12 во Ѓуриште, четири во Скопје-Петровец, два во Тополчани и еден сантиметар во Претор.
Од Управата за Хидрометеоролошки работи информираат дека изминатите 24 часа најмногу дожд е наврнат во Дојран – 15 литри на метар квадратен, 13 литри во Демир Капија, 10 литри во Гевгелија и Крива Паланка, девет во Струмица, осум во Штип, три во Берово, два во Охрид, Претор и Прилеп, еден литар во Маврово и Ѓуриште.
Најниска температура утрово од -2 степени е измерена во Берово и Маврово, -1 во Тетово, Прилеп и Лазарополе, 0 во Скопје Петровец, Претор, Битола и Крива Паланка, 1 во Охрид и Струмица, 2 во Гевгелија, Скопје Зајчев Рид, Штип, Демир Капија и Виница, до 3 во Дојран.
Утринава е облачно, освен на крајниот исток и е претежно тивко. На запад почнаа врнежи што во Охрид се од дожд, а на Лазарополе, Маврово и Пожаране од снег.
Магла има на повеќе места во котлините и тоа во Полошко, Пелагонија, Струмица, Берово и во Скопје.
Од УХМР велат дека денеска ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините само од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Наутро и претпладне ќе има магла по котлините. Попладне ветерот на запад повремено ќе биде со умерен интензитет. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за појава на магла претпладне и со повремен дожд во средината на денот. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Температура до 5 степени.
Од утре до недела се очекува стабилно време со поголема облачност на западот и со значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Од недела следува неколкудневен период со позитивни утрински температури.
Comments are closed for this post.