Со големо жалење ги примаме негативните реакции на Турската Амбасада во Скопје, во однос на помошта што во рамките на сите печатени медиуми во Македонија ја доби и весникот Заман, кој веќе 25 години излегува во оваа држава, и тоа на два јазика, турски и албански.
Целосно лудило се обидите да се нанесе штета врз ЗАМАН Македонија поради обидот за воен удар во 2016 година. Тврдењата на турската влада во врска со споменатиот воен удар не се прифатени од ниту еден меѓународен и независен суд, а турската влада цело време го одбива предлогот за меѓународна истрага во врска со воениот удар. Обидот да се поврзе ЗАМАН Македонија со обидот за воен удар, е целосен доказ дека се невини илјадниците турски граѓани чии животи се уништени поради неосновани обвиненија.
Особено сме разочарани поради лажните тврдења дека Македонската Влада со субвенцијата го поддржува терорризмот. Сметаме дека во оваа лага не веруваат ниту самите тие што ја изнесуваат.
Тргнувајќи од фактот дека кон нас се врши невидена негативна кампања, во која страдаат и недолжни, весникот Заман одлучува доброволно и неповратно да се откаже од владината помош и да ги вратиме срествата.
Весникот ЗАМАН Македонија, останувајќи верен на досегашната политиката за приближување на сите заедници во мултичничкото општество на Македонија, секогаш се трудел да ги истакне заедничките вредности на сите култури во земјата. Поради оваа наша традиционална политика, нема да бидеме причина за затегнати односи помеѓу некогашната славна земја Турција и земјата со демократски вредности Македонија. Со цел да ги уништиме сите обиди на некои кругови да нé престават како причина за затегнати односи помеѓу двете земји, одлучивме да се откажеме од споменатата владина субвенција.
Comments are closed for this post.