Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро во интервју за руската државна агенција РИА изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и наредил на колумбиската Владата и на мафијата во таа земја да го убијат.
Тој наведе и дека барањата за предвремени избори се пропратени со уцени, но оти земјите кои повикуваат на тоа ќе мора да почекаат до 2025 година.
Не прифаќаме ничии ултиматуми, нема да бидеме уценувани, посочи Мадуро.
Тој во интервјуто за РИА наведе и дека е подготвен да разговара со опозицијата. Меѓутоа, на тие разговори, како што рече, ќе се согласи само со независно меѓународно учество.
Подготвен сум да седнам на преговарачка маса со опозицијата и да разговарам за доброто на Венецуела, нејзиниот мир и нејзината иднина, рече Мадуро.
Собранието на Венецуела синоќа усвои закон за „демократска транзиција” и обнова на уставот.
Законот со кој ќе се обезбеди транзиција кон демократијата и обнова на уставот на Боливарската Република Венецуела е едногласно усвоен во прво читање, напиша опозицискиот лидер и претседател на Парламентот, Хуан Гуаидо на Твитер.
Венецуела е во нова политичка криза откако Гуаидо пред една недела се прогласи за привремен претседател на државата.
Мадуро откако повеќе европски и јужномерикански држави го поддржаа Гуаидо, порача дека тоа е обид за државен удар во режија на САД
Comments are closed for this post.