Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, истакна дека изјавата на украинскиот претседател Петро Порошенко оти сака мир со Русија се само празни зборови.
Порошенко имаше можност за глобален мир како во земјата, така и во светот, со реализација на Договорот од Минск – посочи Захарова.
Захарова додава дека Порошенко не ја искористил таквата можност.
Давање на празни ветувања, а не исполнување на претходните – тоа наликува на него – посочи Захарова.
Порошенко изјави дека на Киев му е потребен „студен мир“ затоа што луѓето се уморни од војната и дека Киев ќе продолжи да инсистира на решавање на судирите во Донбас со политички и дипломатски средства.
Comments are closed for this post.