Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги избра членовите на Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупција.
Комисијата избра седум членови од кои четворица се од редовите од пратениците, односно по двајца од власта и опозицијата. Избрани се Драги Целевски номиниран од Народниот правобранител, Сабина Факиќ и Бесим Небиу како претставници на здруженијата односно фондации назначени за членови во Советот за соработка помеѓу владата и граѓанскиот сектор. Од редовите на пратениците членови ќе бидат Мухамед Зеќири од СДСМ, Артан Груби од ДУИ, Зоран Илијоски од ВМРО-ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Членовите на избраната Комисија за селекција ќе вршат обработка на личните податоци, при што се должни да обезбедат тајност и заштита на обработката на личните податоци.
Огласот, што Собранието го објави на 22 јануари трае до денеска, а според претседателот на Комисија за прашања на изборите и именувањата Илија Димовски до сега стигнале околу 60 апликации за членови на атикорупциската комисија.
Comments are closed for this post.