Стадионот „Сао Паоло“ на кој натпреварите ги игра Наполи е опасен по живот, објавуваат италијанските медиуми. На него се појавија дупkи под седиштата во кои дете или пак помал човек може буквално да пропадне.

Овој стадион последен пат е реконструиран за време на светското првенство во 1990 година и сега е оставен на милост на времето на што реагираше и газдата на Наполи.

Зачудувачки е како УЕФА дозволува на него да се играат натправари од Лигата на шампионите.