Британските медиуми сериозно ја истражуваат албанската мафија во Лондон и контролата на дрогата. Тие се сместени во Источен Лондон и се препознатливи по насилството, тетоважите “UCK”, Ферари колите и златните Ролекс часовници.
Албанците се сметаат за софистицирани и професионалци, кои секогаш го испорачуваат она што е потребно-пишуваат британските медиуми.
Живеат во блоковите во источниот дел на Лондон, познати како населби „Гаскоин“ како улични трговци и водачи на мафијата.
Се говори дека токму Албанците ја спуштија цената на кокаинот од 1990 година а може да се пофалат и со голема чистота на наркотицитем односно дека не ја мешаат со други материи.
„Хелбијанси“ како што се нарекуваат Албанците во Велика Британија се најбројни во тој дел на Лондон. Бројот на Албанци уште повеќе се зголемил после немирите на Косово. Албанскиот јазик пак неофицијално е втор јазик во источниот дел на Лондон.
Comments are closed for this post.