Експлозија одекна попладнево во холандскиот град Хаг, при што е урнат предниот дел од една трикатна станбена зграда.
Како што јави холандската телевизија РТЛ Њуз, експлозијата била најверојатно од гас, и таа довела до уривање на предниот дел од станбениот комплекс. Пожарникарите извадиле од урнатините две лица, кои се итно пренесни во болница. Нивната здравствена состојба не се соопштува, но јавниот сервис НОС вели дека станува збор за потешки повреди.
Пожарникарите изјавија дека во урнатините има уште затрупани лица, до кои било многу тешко да се пристапи. Не се знае колку лица има под урнатините.
Во населбата Лаак квартир, каде се случила несреќата има специјални спасувачки тимови, полиција, пожарникари, а постојано кружат и хеликоптери.
Comments are closed for this post.