Британската фунта денеска забележа нов пад на лондонската и на другите берзи, бидејќи премиерката Тереза Меј остана на цврстите позиции за брегзитот, што ден претходно во Европската Унија беше оценето како нереално решение.
Фунтата се намали за еден отсто во однос на американскиот долар и кон заедничката европска валута- еврото.
Фунтата, која пред обраќањето на Меј падна речиси еден отсто во однос на американскиот долар, сега падна на 1,5 отсто бидејќи премиерката рече дека преговорите за брегзитот се во застој.
Меј предлага Велика Британија да остане на единствениот пазар на ЕУ за стоки, но не и на услуги, за да се задржат слободната трговија и отворената граница помеѓу Ирска и Северна Ирска.
ЕУ го отфрла таквиот план наведувајќи дека Лондон не може да избира елементи на припадност на пазарот, без прифаќање на сите трошоци и одговорности.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера на самитот во Салцбург отворено кажа дека делови од планот на Тереза Меј едноставно нема да може да функционираат.
Comments are closed for this post.