По повод верскиот празник Свети Сава, Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до припадниците на српската заедница во земјава.
Во честитката, Претседателот Иванов на граѓаните им посака здравје, радост, мир и благосостојба.
Чествувањето на денешниот празник, 27 јануари – Денот на првиот српски архиепископ и просветител е порака за заедништво, почит и меѓусебна соработка. Свети Сава за српскиот народ е непресушен извор на вера, надеж и љубов кон Бога и патоказ кон иднината.
Припадниците на српската заедница со своите јазични, етнографски и културни особености го збогатуваат нашето мултиетничко и мултикултурно општество постојано придонесувајќи за напредокот на Република Македонија.
Благодарение на српската заедница во Република Македонија како и на македонската во Република Србија, во нашиот северен сосед имаме пријател и поддржувач.
Уверен сум дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да работиме во интерес на сите наши граѓани, сè со цел подобра и посветла иднина.
Нека Ви е честит големиот празник! – се наведува во честитката на Иванов.
Comments are closed for this post.