Единаесет дена трае мачната операција за спасување на двогодишниот Хулен Росело во Шпанија, откако тој пропадна во една нелегална бушотина за бунар. Спасителите велат дека конечно дошле на само неколку часови до малиот Хулен.
Станува збор за многу тешка операција, затоа што бунарот не само што е многу длабок, туку тој е тесен, па освен сонда која беше спуштена во каналот, практично ништо друго не можело да се искористи.
Сега специјален рударски тим се обидува со метална капсула во која можат да влезат две лица, да пристапи до телото на детето преку помошен тунел. Тие се обидуваат да ископаат една галерија преку која би влегле во тесната бушотина.
Тимовите работат по 40-60 минути, па потоа се менуваат, затоа што работата е многу напорна и опасна.
Двегодишниот Хулен пропадна 110 метри во бушотина за бунар во градот Тоталан, Андалузија, на 13 јануари.
Comments are closed for this post.