Очигледно на Заев многу нагло му дојде чист воздух на Алпите во Гармиш-Партенкирхен. Ако поседеше уште малце на чист воздух, можеби ќе ветеше и 2.000 километри автопат. Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Горан Сугарески после 2 цели години спиење и неработење ништо, нереализирање на ниту еден проект, треба да се засрамат и да прекинат да промовираат проекти на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски власта потрошила неполна година стопирајќи се што било започнато од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, за сега повторно да ги продолжат истите проекти и да ги промовираат.

Да се разбереме. СДСМ не гради 770 километри патна мрежа низ Македонија, СДСМ само ја доградува патната мрежа која беше однесена во напредна фаза на реализација од страна на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Арсовски.