Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека плановите за размена на територии со Србија се најдобра можност да се напредува кон членство во ЕУ и НАТО.
– Договорот ќе донесе поголема стабилност и мир во регионот, а на Косово тоа ќе му овозможи прием во ЕУ и НАТО, истакна Тачи.
Тој додаде дека нема да постојат никакви етнички граници, туку „двете земји ќе останат мултиетнички”.
Според него, адекватен договор би значело дека меѓу нив веќе никогаш нема да дојде до војна.
Шансите за постигнување успешен договор, според негово мислење, се досега најдобри бидејќи ЕУ и САД ги поддржуваат плановите.
Косовскиот претседател ги отфрли обвинувањата дека се залага за „Голема Албанија”.
– Нема да има никаква „Голема Албанија”, како што нема да има нити „Големо Косово”. Ние тежнееме кон интегрирање на регионот во европскиот простор, објасни Тачи
Comments are closed for this post.