Грчкиот тениски талент, Стефанос Циципас го направи засега најголемото изненадување на Австралија Опен.

Светскиот рекет број 3 кај мажите, Роџер Федерер беше поразен со 7:6, 6:7, 5:7, 6:7 од 20-годишниот Грк по речиси 4-часовна битка во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија.

Првиот сет беше решен по тајбрејк, кој Федерер го доби по доцен мини-брејк. Во вториот сет Швајцарецот има за што да жали, бидејќи при 5:4 пропушти цели 4 сет-топки, а во тајбрејкот подоцна загуби поен при 4:3 по две последователни грешки.

Циципас го доби третиот сет со подоцнежен брејк за 7:5, а во четвртиот на два пати го натера Федерер да го спасува натпреварот при свој сервис. Швајцарецот сепак стигна до тајбрејк, кој го загуби.

Во следниот круг Циципас ќе се сретне со Роберто Баутиста Агут, кој се справи порано денеска со Марин Чилиќ.