Светскиот рекет број 2, Рафаел Надал по единаесетти пат се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен по убедливата победа со 6:0, 6:1, 7:6 (4) над Томаш Бердих за 2 часа и 5 минути игра.
Тоа беше 19-та победа за Шпанецот во четвртфиналето во последните 20 официјални натпревари меѓу двајцата.
За место во полуфиналето тој ќе се соочи со Френсис Тиафо од САД, кој малку порано го надигра Григор Димитров со 7:5, 7:6 (6), 6:7 (1), 7:5.
„Многу сум задоволен. Играм добро во Австралија. Ја очекував реакцијата на Бердих во третиот сет. Никогаш не сум играл со Тиафо. Тој е многу брз, со силен сервис и десна рака“, рече Надал по победата.
Comments are closed for this post.