Градот Скопје, се најде на првото место во светот, како град со најзагаден воздух, по еден часот по полноќ.
Индексот на загадување беше 430, а на врвот на листата беше во друштво со градови од Индија, Пакистан. Четвртото место му припадна на Бангладеш, а петтото на Косово.
Мерните станици во главниот град мерат ПМ 10 честички над 700 микрограми на метар кубен. Во Ѓорче Петров, мерната станица во 23 часот покажуваше 641 mg/m3, што е 12 пати над дозволеното.
Во Црниче мерната станица покажува 454 микрограм на метар кубен, таа во Центар 412, додека таа во Карпош високи 700.
Град Скопје објави неколку препораки до граѓаните – да се избегнува користењето на возила или да се споделување превозот, да се избегнува седење на отворено, да не се горат штетни материјали, да се чистат оџаците.
Пред два дека во Владата беше презентиран планот за чист воздух. Беше кажано дека планот за чист воздух кој во наредните две години треба да го намали загадувањето на воздухот за половина не е магично стапче кое ќе го реши проблемот засекогаш, туку е само почеток на децениска заложба која им претстои на институциите, академската фела и невладиниот сектор, заедно со граѓаните.
Comments are closed for this post.