Две баби речиси се степаа на трибините по натпреварот меѓу Белорусинката Арина Сабаленка и Британката Кети Бултер на првиот Грен Слем турнир оваа година, Австралија Опен.

По победата, 20-годишната Сабаленка, го фрли кон публиката својот стегач за глава, како сувенир за фановите. Проблемот настана откако двете успеаа да го зграбат стегачот на белорусинката но ниедна не сакаше да го пушти на другата.


На крајот мораа да реагираат редарите. Бабите ја напуштија трибината, а стегачот за коса на Сабаленка беше одземен.