Авионска бомба тешка 250 килограми со должина од 1.20 метар и широчина од околу 40 сантиметри е извадена при ископ на земја зад старата Железничка станица од страна на градежна фирма.

Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, направен е увид на лице место на стариот пат кон село Батинци и констатирано е дека се работи за авионска бомба од 250 кг или 500 либри, со должина од 1.20 м и широчина од околу 40 цм. Во моментов се прават сите подготовки согласно стандардно-оперативната процедура за нејзино уништување на лице место, соопштуваат од ДСЗ.

Од ДЗС информираат дека утре ќе се преземат мерки и активности за подготовка на просторот за нејзино уништување.

По дојава, од страна на МВР вчера во 08:45 часот е пронајдено неексплодирано убојно средство.