Москва не ја менува одлуката во однос на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), а тоа значи дека нема да ги плати контрибуциите за членство во организацијата за 2019 година, изјави потпретседателот на руската Државна дума, Пјотр Толстој.
Годишната членарина која Москва треба да ја плати изнесува околу 33 милиони евра.
„ПССЕ нема да ја добие руската уплата. Русија нема да купи билети за филм кој нема да го гледа“, им изјави тој денес на новинарите.
Русија го загуби правото на глас во Советот на Европа откако Крим излезе од Украина и се припои кон Русија.
Годишниот буџет на Советот на Европа изнесува 450 милиони евра, а очигледно е дека е голема дупката од 33 милиони која ја има Стразбур заради неплатената членарина од Москва.
Comments are closed for this post.