Британската полиција приведе 55 мажи во рамки на истрагата за сексуална злоупотреба на седум девојчиња во северниот дел на Англија, во периодот од 2002 до 2009 година.

Истрагата е покрената откако седум жени од Западен Јоркшир, Дазбери и Бетли обвинија дека биле злоставувани додека биле девојчиња.

Полицијата информира дека приведените мажи биле сослушани и ослободени, но нагласи дека истрагата за овој случај продолжува.

Сексуалното злоставување и експлоатација на децата е одвратно злосторство, што влијае врз некои од најранливите членови на нашето општество – изјави полициксиот инспектор Јан Торнс, кој раководи со истрагата.