Во третиот натпревар на Светското првенство Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Светското првенство откако загуби од селекцијата на Хрватска со 31:22.
Селекторот Раул Гонзалес во текот на целиот меч играше со „седум на шест“, а Лино Червар тоа го правеше во најголемиот дел.
Од почетокот од мечот дуелот Хрватска почна да се одлепува, на одморот се замина со негатива за Македонија од пет голови разлика, 11:16.
Во второто полувреме, играта на теренот беше порамноправна, неколку пати дојдовме до минус три гола разлика, но откако стана јасно кој е победникот, Раул направи неколку измени а Хрватска го искористи тоа за да ја зголеми предноста и на крајот да победи со убедливи 31:22.
Манасков со шест голови беше најефикасен во составот на Македонија, четири погодоци постигна Кире Лазаров, Борко Ристовски имаше девет интервенции. За Хрватска Дувњак даде пет гола, Карачиќ четири.
Во четвртото коло Македонија игра против Шпанија, тој меч се игра во среда со почеток од 20:30 часот.
Comments are closed for this post.