Русија е на став дека промената на името на Македонија треба да се разгледува во Советот за безбедност на Обединетите нации и оти решението за проблемот треба да дојде без странски притисоци, како во Македонија така и во Грција, се нагласува во соопштение на министерството за надворешни работи на Русија.
Ставот на Русија околу проблемот околу името на македонската држава останува непроменето: одржливото решение мора да се најде без надворешен притисок, надворешно наметнување рокови и услови и врз основа на широка јавна поддршка и во Македонија и во Грција. Исклучително во правни рамки. Оценуваме дека ова прашање би требало да го разгледа Советот за безбедност на ОН, согласно членот 3 на Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на Обединетите Нации, се наведува во соопштението од министерството за надворешни работи на Руската федерација.
Нејасно е кога оваа иницијатива би можела да биде ставена на дневен ред и дали дотогаш веќе целата процедура би можела да биде завршена.
Comments are closed for this post.