И Левица бара распуштање на Собранието и распишување предвремени парламентарни избори. Од партијата велат дека васта не исполнила ништо што ветила.
Распишаа против-уставен референдум со манипулативно прашање. Полнеа кутии. Не го почитуваа резултатот на референдумот. Амнестираа пратеници за да им ги гласаат уставните измени. Направија политички дил за да избега Никола Груевски. Го променија Кривичниот законик за да спасат осудени лица од затвор и за себеси да си ги олеснат идните злоупотреби на власта. Неодлучноста, пасивноста на ВМРО – ДПМНЕ во текот на целиот процес и ставањето на тацна на своите пратеници да бидат уценувани и купувани во собраниските канцеларии е уште еден показател дека уставните измени беа изгласани во дослух меѓу партиите од власта и најголемата опозициона партија. Граѓаните немаат свои преставници во Собранието кои ќе се спротистават на газењето на демократијата, на правната држава и газењето на правото на самоопределување”, се вели во реакцијата на Левица. Власта целосно се делегитимира во очите на граѓаните. Ништо што ветија на изборите не исполнија, се вели во соопштението на Левица.
Поради сето ова, Левица бара распишување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.
Comments are closed for this post.